ДИК бара Судот побрзо да ги издава уверенијата за неосудуваност

by fokus

Државната изборна комисија со писмо ќе побара од Основниот суд Скопје 1 поажурно да ги изготвува уверенијата за неосудуваност и да го има предвид рокот за пријавување на кандидатските листи согласно Изборниот законик, кој истекува во петок на полноќ.

Оваа одлука била донесена вчера на седницата на ДИК. Од Комисијата не можат да кажат дали проблемот со уверенијата за неосудуваност ќе го блокираат изборниот процес.

Сепак, тие посочија дека рокот за поднесување на кандидатските листи не може да биде пролонгиран, бидејќи со тоа ќе се прекрши Изборниот законик. ДИК ќе ги разгледува кандидатските листи во сабота, а за оние што не се комплетни може да им даде рок од 48 часа да ги остранат утврдените неправилности. Сепак, тие 48 часа се викенд, кога Судот не работи.

Поврзани новости