Дијаспората собра гласови за свој претставник во Собранието

by fokus

Државната изборна комисија соопшти дека постигнат е минималниот број гласови за избор на пратеник од дијаспората.

На четири дена пред истекот на рокот, вкупно се прифатени 8 258 пријави за гласање, со што е надминат неоппходниот законски цензус од најмалку 6 400 пријавени иселеници.

Сепак, во изборниот законик има уште еден предуслов, за да биде избран пратеник од дијаспората тој треба да освои најмалку гласови што ги добил кандидат за пратеник во Македонија.

Советничката во Државната изборна комисија, Љупка Гугутческа  упати повик до македонските граѓани во странство да продолжат со пријавите за гласање за предвремените парламентарни избори до 11 декември.

ДИК досега одбила 166 пријави , а во најголем дел причината била тоа што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.

Поврзани новости