Дијаспората може да добие три пратеници

by fokus

Доколку гласаат сите иселеници кои до сега се пријавиле во Избирачкиот список, дијаспората може да обезбеди три пратеници во Собранието, информираат од Државната изборна комисија.

Пријавувањето на гласачи од дијаспората завршува денеска, а според последните информации од ДИК, досега се пријавени повеќе од 18.600 граѓани.

Според измените во Изборниот законик, за да биде избран пратеник од дијаспората, тој ќе треба да освои околу 6.500 гласови, а најмногу може да се добијат три пратеника од седмата изборна единица во кои влегуваат Северна и Јужна Америка, Европа и Австралија.

Поврзани новости