Дијабетичарите ќе го добијат потребниот инсулин од Бугарија, Словенија и Норвешка

by Фокус

Дијабетичарите скоро еден месец водат битка со здравствените власти, дека новиот инсулин кој треба да го примаат не им одговара и на тој начин, на многу од нив ќе им се влоши здравствената состојба. И двете страни остануваат на својот став, дијабетичарите дека инсулинот не е соодветен, а министерството за здравство дека замената на еден тип инсулин со друг нема никакви штетни последици.

Од Асоцијацијата за детски дијабет „Баланс“ информираат дека до нив пристигнале бројни одговори за помош од Норвешка, Словенија, Бугарија, откако тие објавиле апел за донација на инсулините “новорапид” и “левемир”, бидејќи Министерството за здравство од финансиски причини не е во можност да ги обезбеди за лицата со дијабетес во Македонија.

– Со цел да се овозможи континуирана терапија, а истовремено да не се направи дополнителен трошок на буџетот на РМ и  се надеваме дека ќе овозможите постапката на донација да тече согласно законските прописи и норми. Со тоа ќе им се овозможи на лицата со дијабетес да ја добијат терапијата со која што оствариле одлична гликемиска контрола, да не мора да експериментираат со промена на марката на инсулин – се наведува во соопштението од „Баланс“.

 

Поврзани новости