Џонсон: Велика Британија ќе направи сѐ што може да ѝ помогне на Македонија

by fokus

Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи сѐ што може да ѝ помогне на земјата за влез во НАТО и во ЕУ, порачал британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон на средбата со премиерот Зоран Заев.

Заев, благодарен за огромната поддршка од Велика Британија за Македонија, рекол дека новата Влада ќе ја оправда добиената доверба преку посветена работа на демократски развој на Македонија и на регионот.

-Владата дефинираше временска рамка за итните реформски приоритети важни на интеграциските процеси во НАТО и ЕУ и одговорно ќе спроведе квалитетни реформи, затоа што граѓаните на Македонија заслужуваат евро-атлантстки перспективи“, изјавил  Заев.

Поврзани новости