Џиновска векна леб ги потсетува минувачите дека нивните сограѓани живеат во глад

by fokus

Граѓански активисти поставија џиновска векна леб на малиот плоштад на автобуската станица во близина на Соборниот хран во Центар, за да ги потсетат минувачите дека голем број на нивни сограѓани преживуваат од ден во ден под прагот на сиромаштијата.

Под инсталацијата пишува „Леб за сите“. Граѓанската акција потсетува дека стапката на сиромашни лица во Македонија изнесува 21.5 отсто, или над 450.000 луѓе живеат во сиромаштија. Од нив само 70.000 можат да си дозволат три достојни оброка неделно. Над 100.000, пак, преживуваат со помалку од 100 денари дневно.

 

Поврзани новости