Владата не го коментира стравот на Грујeвски и Бошковски да се вратат во Македонија

by fokus

Во однос на екстрадицијата на поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Нокола Бошковски од Грција, од Владата денеска изјавија дека очекуваат да бидат испочитувани сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи. Порпаролот, Миле Бошњаковски, изјави дека Владата се надева оти целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови.

– Би сакал да Ве упатам прво до Министерството за правда кое е надлежно за екстрадицијата и ја води постапката – рече тој.

Прашан како ќе ги коментира изјавите на двајцата за грчки медиуми дека се плашат да се вратат во Македонија поради притисоци, Бошњаковски рече дека не можат да коментираат изјави бидејќи во тек е судска постапка и да оставиме тие да течат.

Грујевски и Бошковски завчеравечер беа уапсени на солунскиот аеродорм на пат за Унгарија, со лажни бугарски пасоши и идентитети. Двајцата вчера беа изведени пред обвинител и се очекува за нивната екстрадиција да се произнесе и Апелацискиот суд во Солун.

Поврзани новости