Џафери се премисли: Законот нема да се однесува на објавените „бомби“

by Фокус

Пратеникот на ДУИ Талат Џафери се премисли околу Законот за забрана за објавување на прислушуваните материјали. Сега немало да се однесува на објавените „бомби“, туку само на необјавените материјали. Тоа што до сега е отидено во етер ќе остане таму, освен ако медиумите и новинарите не одлучат самите да ги повлечат.

Во денешната изјава за медиумите Џафери тврдеше дека законот немал намера да ги минира преговорите на партиите, туку напротив- се очекувало изборниот пакет да биде договорен во предвидениот рок, а законот да оди паралелно во парламентот. За сега е неизвесно во каква форма ќе се доработи законот, особено околу висината на затвоските казни и дали за него ќе има консензус.

Џафери најави дека доколку до 20 октомври партиите немаат договор за законот, тој одново ќе го поднесе во Собранието. Тоа го направи и пред три дена, но по силните реакции во јавноста и на Меѓународната заедница тој и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Крсто Муковски, го повлекоа предлогот.

Од изјавата на Џафери станува јасно дека партиите сепак имаат некаков договор за таков закон заедно со Закон за „свиркачи“. Јавноста стравува дека преку законите се прават обиди за амнестирање на нечија одговорност.

Поврзани новости