Џафери побара од пратениците да најдат решение за функционирањето на општините

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испратил известување до пратениците дека треба да се најде решение за функционирањето на општините, поради неодржувањето на локалните избори во законски пропишаните рокови и истекот на мандатите на градоначалниците и советниците.

Од прес службата на Собранието соопштија дека Џафери ги проследил до пратениците барањата од Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС, кои побараа Собранието да најде решение.

-Ова прашање е исклучиво во надлежност Парламентот и бара итно усогласување на сите парламентарни политички партии во однос на потребните измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во Деловникот на Собранието, како во однос на основање на сите собраниски работни тела, така и во однос на постапката за разгледување и донесување на законите, соопштија од прес службата на Собранието.

Поврзани новости