Џафери не дозволуваше пауза по само пет минути од почетокот на седницата, Ласкова побара да не додава масло на огнот

by fokus

Само пет минути по почетокот од денешната собраниска седница на која прва точка е Законот за јазици, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза од еден час. Собранискиот спикер, Талат Џафери, не им дозволи и рече дека немаат право на пауза што наиде на општо неодобрување од пратниците на оваа партија во собраниската сала.

Благица Ласкова, како координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Џафери го крши деловникот.

-Не фрлајте огин, да не ја повторуваме вчерашната ситуација. Не ја кршете процедурата, согласно деловникот имам право да побарам пауза – рече Ласкова.

И покрај нејзините инсистирања, Џафери го одби барањето. Наместо тоа побара листа на пријавени за збор.

Откако пратеничката не отстапуваше од своето барање и не се симнуваше од говорницата, Џафери реши сепак да прогласи пауза од еден час, по што ќе продолжи расправата за овој закон.

Поврзани новости