Dg: AGONIJA MACEDONICA CHRONICA / coitus mental in obs.

by Fokus

Еднонационални партии. Вирус кој е бетер од сида и која можеби има лек, ама далеку е сѐ уште да се дооди до аптека

Агим ЈОНУЗ

Ајде да се прошетаме по една тема која навидум има глупава конотација, ама има суштина, која ако сега не ја продискутираме, еден ден ќе речеме „а бе што ајвани ќе бевме“! Чија е Македонија? На Македонците, Албанците или на Ашим? Слушам од таму некој вмровец се дере“ Македонија на Македонцитеее‘‘. Е добро, де! НА! А ние Албанците кај да се носиме? Тесно е таму кај што не праќаш, не се дери! Башка, јас ли сум крив што нашите татковци и мајки летувале во стариот автокамп во Струга на времето, па ја и ти као комшии сме се родиле у иста болница! Што би рекол Балашевиќ „у име свих нас из… и неке“! И ете нѐ… се разминуваме по улици, а никако да ни текне дека треба да продискутираме за тоа дека таа иста болница е направена со парите на татко ти и татко ми. Ни татко ти е крив што не е Албанец, ни татко ми што не е егеец! А јас и ти што сме?  КРЕТЕНИ! Зашто? За „онаквово здравје“!

Историја на болеста/АНАМНЕЗА

Едноставна. Исфрустрирани, недокажани, недообјаснети, нереализирани, неинсталирани, малечки, примитивни, по многу основи сѐ уште демократски недоквакани – две страни. Нема пардон. Тоа е вистината. Од зелени сливи пекмез не се прави. Сѐ е речено тука и може само да тртомудиме! Добивме или се изборивме за држава? Уште 100 години ќе дискутираме на таа тема. Својот коментар ќе го задржам за себе.

Конзилијарна анализа/ред муда, ред бубрези

Уште на стартот деструкција. Леви – лево, десни десно, „Шипци-ваму“, „Чокалије – таму“. Секој против секого. Левите Албанци се леви, ама се Албанци, десните барабар се десни, ама проблемот се појавува на почетокот на болеста во која се вика „праиме здрава држава или се заебааме“. И така почнува фудбалската утакмица на селска полјана на која не се знае кој за кого игра и каков дрес носи. Битно е да се шутира топката. Судијата прави „иље“ колку сакаш, зависно од тоа каков резултат му е потребен на спонзорот, голманите по потреба прават паради, по потреба јадат гол меѓу нозе (баџак = чаирски речено). Никој не јаде црвен картон, а клизачи стартови колку сакаш, па и по некој скршен нос. Дива лига! Битно е, нешто се дешава.

Сериозна констатација по анализа на болеста/специјалистички преглед

По лoгиката на нештата, Македонија никогаш нема да биде мирна држава, ниту, пак, некои нешта ќе дојдат на свое место. Оти море машкооо? Еве оти! Комоцијата на незнаењето, незрелоста да се гради и позитивно еволуира држава создаде структури, кои нема да може ни Крали Марко да ги искорени во догледна иднина. Несовршенството на човечката малечкост да си ги лечи фрустрациите создаде во Р. Македонија структури базирани врз темели на опасна антагонистичка „пинг-понг“ стратегија на делба по братска основа во заедничка куќа. Еднонационални партии. Вирус кој е бетер од сида и која можеби има лек, ама далеку е сѐ уште да се дооди до аптека.

ДА ПОЕДНОСТАВИМЕ И ДА ПОСТАВИМЕ ПРАШАЊА:

Ајде да симулираме ситуација во која ќе се случи следното (жими такво у блиска иднина). Македонците и Албанците во државата сѐ повеќе го дефинираат просторот во кој од искона живееле без да си вадат очи како поле за мерење патлаци наместо да биде тоа поле за културен натпревар меѓу народите (Делчев/респект за кажаното). Во таа борба за надвладејување во сопственото двориште, и едните и другите забораваат дека се деца на истиот двор и дека првите чекори ги изодиле на истиот тревник. Со текот на времето, а во амбиент на ем „биполитичка опција“, ем бинационална комбинаториката на и онака неселективноста на тоа кој смее да се занимава со политика доведува до страшен гордиев јазол, кој Македонија допрва ќе треба да го одврзува. За што се работи? Еве за што!

„САЊАМ“/Индекси ( see YouTube )

Ајде да ја поставиме хипотетички анализата дека Македонија, на поле на политичка борба за инсталација на сечие постоење по основ на права и обврски си ги заокружила работата. Целата тајфа која потрошила на време, пари, нерви, енергија, јадење бурек, лиење крв и лижење прсти од медот, браќата по пушка, ама и тендери, еден ден ќе мора да се преслуша и да рече: „ајде да видиме сега како се води држава у 21 век“. Опаааа! ПРОБЛЕМ! Се појавува „технолошки вишок“!

А што ќе прави Македонија еден ден со неупотребливи „по професија“ Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми… Шпанци и Мадагаскарци? Кои си ја завршиле работата.

Е, ќе си ги чува за туршија. Која будала смета дека еден ден кога нема да има потреба од национални професионалци ќе си се повлечат дома у папучи и ќе гледаат мирно вести што се случува. А бре мечка од планина има да се симне, ама они нема да одат од политичката сцена. Какви последици ќе има тоа долгорочно не сакам ни да помислам, затоа што единствениот принцип на нивно постоење е токму антагонизмот, разликите, причините за незадоволство и уцената со националромантистички пориви и емоции. А тоа „све че то народ гутати, варити и посрати“!

Чаре? = ОНАКВО ПОГОЛЕМО /с‘ опроштење.

Знаете ли зошто нема трета опција? Е па баш затоа што ако се тргне со неа, се ова горенаведено треба да се носи у три пизде материне. Како прво, реалноста вели дека Македонија е цело време во тоталитаризам, ама ние сме ќорави или се праиме. Сѐ е прашање дали е лев или десен. Албанската страна е секогаш у игра и тоталитаризмот таму е толку дефолт, што не се ни приметува. „Јал – не јал“ ДУИ е „Ante Portas“. Друга некоја партија ако налета онака на кратко по некаква „актуелно-историска“ потреба е само дур овие не се истушираат по коитусот со македонската страна, па било таа лева или десна. Битно е да има секс.

ТЕРАПИЈА:/УГАНДИН ФОРТЕ

Итно расчистување со правата и обврските на сите етнички заедници во рок кој нема да ја забави еволуцијата на Евроосмозата, во која сите се колнат, а молат бога да потрае овој коитус. Инаку, ќе се остане без работа, а младиве, не дај боже, да се вратат од странство и од по свет. Политичарите че го ебат ежот и тоа Камасутра. Итно и безусловно, агресивно вкрстување на потенцијали по основ на стручност и елоквентност, по основ на професионална легитимност, по основ на „up to date“ ментални чипови, кои оваа држава инстантно и промптно ќе го срушат и премоделираат меѓународниот стереотип за Македонија како за „РУАНДА БУРУНДИ“!

Наравоучение:/стара народна приказна

Си бил некој татко адвокат и се пензионирал. Синот го наследува и оди у канцеларија да седне на негово столче. По неколку дена се враќа дома и му вика… Еее татко, татко! Оној спор со дрвото што е на меѓата што си го влечел и не си можел да го решиш со години, јас го решив во еден ден! И овој му одговара… А бе глупчо, тоа дрво те израсна, нахрани, одшколува, ожени, човек те направи! А ти го исече на првото рочиште.

ДАЛИ МОНОНАЦИОНАЛНИТЕ ПАРТИИ (остај ти овој нов модел, не заебаај) СЕ ДРВОТО ШТО НАХРАНИ, ОБЛЕЧЕ, ЗБОГАТИ, НАПРАВИ ЛУЃЕ  КОПИТА ОД ПЛАНИНА, НАПРАВИ КОНДУРИ ОД ОПИНЦИ И ОСТАВИ ПРОСТОР ЗА УШТЕ МНОГУ, МНОГУ „LET’S HAVE A GOOD SEX“ ВО ЕТЕРОТ?

Препорака од матичен лекар:

Прочитајте ја книгата „Dobro Drvo“ од Shell Silverstein/и ќе дојдете до заклучок што е државата олицетворена во дрво. Ама тоа дрво треба да се негува.

Денес чув у чаршија еден вика, „нѐ очекува страшно врела зима и страшно ниски температури“! Будала!

(или ич не е!..а?)

 

 

 

 

Поврзани новости