Дете од Струмица ја занеме Германија

by fokus

Единаесетгодишниот Кристијан Воденски од Струмица, кој живее во Германија и е познат во светот како македонски Брус Ли, се најде на листата помеѓу четирите најуспешни деца спортисти во Германија.

Гласањето за најдобар јуниор спортист во Германија е во тек и се одвива преку интернет, а познавачите на боречките способности на Кристијан не се сомневаат дека тој може да го освои првото место.

Инаку, Кристијан пред три месеци стана европски првак во граплинг на првенството кое што се одржа во Прага. Со борби против натпреварувачите од Чешка и Русија, тој стигна до златниот медал и ја освои титулата европски првак, а потоа со македонското знаме се искачи на тронот, каде што му беше врачена наградата.

Воденски со семејството живее во Офенбах и често е на страниците со спортски вести на познатите германски медиуми. Претставен е како еден од најголемите боречки таленти во повеќе вештини.

Сите кои што сакаат да гласаат за него, тоа можат да го сторат на следниот линк :https://germanfightnews.com/2016/12/29/kaempfer-des-jahres-2016-kids-fan-voting/

Вики Клинчарова

Поврзани новости