Дескоска: Повлечените учебници се уште се користат, тоа мора да запре

by Fokus

Учебниците по Граѓанско образование за осмо одделение и Општество за 4 одделение кои се повлечени не треба да се користат, информираше денеска министерката за образование Рената Дескоска.

– Комисијата која работеше на нивно разгледување утврди и други спорни содржини покрај за оние за кои беа поднесени претставки. Учебниците се повлечени и учениците и наставниците не треба да ги користат во наставата, а Бирото за развој до крајот на неделата треба на својата веб страница да објави прирачник за наставниците по кои тие ќе предаваат по овие два предмета. До мене стасаа информации дека биле поделени повлечените учебници и тоа е спротивно на решението што го донесов. Повторно ќе бидат испратени укажувања до сите училишта, но со посебно укажување до оние за кои имаме информации дека биле поделени учебниците – рече Тренеска Дескоска.

Поврзани новости