Денеска завршува изборната кампања, СДСМ на митинг во Охрид, ДПМНЕ со централен митинг во Скопје

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори во недела.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ја заокружи кампањата со средби со граѓани во Дебарца и Вевчани, и со митинзи во Струга и Охрид.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.