Денеска продолжува седницата за разрешување на Зврлевски

by Fokus

Собранието денеска треба да ја продолжи седницата со расправа по Предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлески.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ завчера ја окупираа говорницата и цел ден се прекукуваа со собранискиот спикер Талат Џафери, обвинувајќи го дека не си ја врши работата како што треба.

Тие побараа разумно објаснување за разрешување на Зврлевски и, според нив, тие никогаш не рекле оти се против тоа. Сметаат дека во моментов има многу побитни теми на кои треба да се расправа како што се мигрантите, пожарите, депонијата во Струга… Повторно побараа да се преиспитаат сомнежите дали во време кога се распишани избори треба да се расправа и да се започне постапка за менување.

Поврзани новости