Денеска нова бомба за изборен грабеж

by Фокус

Опозицијата продолжува со објавување на аудио снимки од прислушувани телефонски разговори за изборниот грабеж во Македонија на последните изборни циклуси.

Денешниот настан ќе се одржи во хотелот „Бест Вестерн“ на улица Македонија, а материјалите ќе се однесуваат на локалните избори во општина Центар во 2013-та.

Терминот се уште не е закажан, но се очекува пресот да се одржи некаде околу 14 до 14.30 часот. Како говорници се најавени лидерот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Во претходните објавени разговори се слушаше како изборите во Центар се одвивале под закани, притисоци и уцени, па дури и со обезбедување гласачи од Пустец, но и незаконско издавање лични карти.

Денеска одново јавноста ќе слушне со какви мерки се служела власта за време на изборниот процес.

Поврзани новости