Денеска ќе падне прва пресуда за случај на СЈО, во кој обвинет е Горан Грујевски

by Fokus

Денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Тврдина 2“, во кој е осомничен поранешниот директор на Петтата управа, Горан Грујевски, и уште шест вработени во УБК.

Според обвинението кое против нив го поднесе СЈО, тие се товарат дека уништиле службена документација, со цел да ги сокријат трагите за нелегалното масовно прислушување.

На последното судско рочиште обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови од судот побара Грујевски да добие максимална казна затвор, а додека за останатите службенички побара алтернативни мерки, бидејќи досега немале црна дамка во кариерата.

 

Поврзани новости