Денеска ќе дознаеме кој ќе формира влада

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска треба да го додели мандатот за формирање влада  на партијата што ќе направи мнозинство во Собранието. Според законските рокови, денеска е последниот, односно десетти ден од формирањето на Собранието, рок во кој претседателот треба да го додели мандатот.

Откако Иванов ќе го даде мандатот на партијата која ќе направи мнозинство во Парламентот, тогаш тој мандатар има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието  да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата, за кој пратениците ќе треба да гласаат.

Претходно, Иванов изјави дека ќе ги испочитува роковите за доделување на мандатот за формирање на влада.

Поврзани новости