Денеска гласаат 939 затвореници и притвореници

by fokus

На вториот круг на локални избори, денеска, од 7 до 19 часот ќе гласаат затворениците, болните, изнемоштените и раселените лица.

На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи.

Денеска, исто така ќе гласаат и осум гласачи кои се водат како внатрешно раселени, како и, 1.435 лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.

На полноќ заврши политичката кампања за локалните избори, а денеска е изборен молк. Вкупно 833.716 гласачи ќе имаат право на глас на 1.517 избирачки места во 35 општини.

Поврзани новости