Демонстрантите тргнаа кон Антикорупциската комисија

by Фокус

И денеска не стивнуваат протестите од „Шарената револуција“. Во овие моменти, граѓаните од пред Специјалното јавно обвинителство тргнуваат кон Собранието, а потоа ќе се упатат кон Антикоруциската комисија.

Демонстрантите од 18 часот почнаа да се собираат пред Специјалното јавно обвинителство. Таму во воздухот беа пуштени балони во различни бои како симбол за „Шарената револуција“.

Како и сите протести претходните денови, се очекува и денешниот да заврши пред Владата на Република Македонија.

sjo sjooo

Поврзани новости