Демократскиот сојуз со поддршка за протестот пред Кривичниот суд

Демократскиот сојуз дава поддршка на протестот на Шарената револуција кој ќе се одржи утре во 10: 40 часот пред Кривичниот суд во Скопје. Собирот е со цел да му се даде поддршка на активистот Павле Богоевски, против кој се води постапка поради учество во протестите против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција.

-Цивилизациско право е да се протестира и да се искаже став и незадоволство од одредени состојби или одлуки и заради учество во ненасилни протести никој не сме да биде суден и осуден – стои во соопштението од партијата на Павле Трајанов.

Инаку, Шарената револуција денеска објави повик за протест пред судот, бидејќи како што се велат продолжуваат притисоците врз луѓето кои протестираат против овој режим и продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта, додека криминалците се на слобода.

-Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд! До тогаш, ако НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!- се вели во повикот, објавен на Фејсбук профилот на Шарената револуција.