Демократски сојуз: Единство за членство во НАТО и ЕУ

by fokus

Демократскиот сојуз смета дека покрај силната надворешна поддршка на новата Влада за реформи, клучни за членство во НАТО и започнување на преговорите со ЕУ, неопходно е да се обезбеди и внатрешно единство на сите политички партии.

-Поддршката на реформската Влада од Европската Унија, НАТО и САД за реформи во службите за безбедност и правосудниот систем, како и најавите за финансиска и стручна помош за малите и средни компании и изградба на инфраструктурни капацитети (енергетски системи од обновлива енергија и сл.) е добра основа за вклученост во реформите на сите партии, невладиниот-граѓански сектор, експертите и медиумите.

Очекуваме досегашните внатрешни опструкции и блокади за влез во ЕУ и НАТО да бидат поразени и конечно Македонија да се придвижи кон европските стандарди и вредности и отвораат перспективи за сите граѓани.

Прв тест за сите партии ќе биде и обезбедување на законски услови за продолжување на мандатот за работа на СЈО, формирање на судски одел кој ќе постапува по предметите на СЈО, како и избор на Јавен обвинител на Република Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Поврзани новости