Давидовиќ: Снимките на полицајците во цивилка не се валиден доказ

by Фокус

Снимките и фотографиите на МВР направени од полициски службеници во цивилка за време на протестите не може да се користат како докази, затоа што се направени без наредба за посебни истражни мерки, а службениците не биле легитимирани, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој е застапник на две демонстрантки на Шарената револуција кои утрово беа повикани на распит во полициската станица Беко.

– Укажавме дека доколку ги применат фотографиите како докази ќе им поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба против министерот, директорот, командирот и инспекторите. Не може да докажат дека на тоа место во тоа време е извршен прекршокот.  Едноставно се разделивме без никаков записник – истакна Давидовиќ.

Поврзани новости