Дац: Утрово сакаа да го приведат син ми, ама готово е Груевски

„Чавков, мојот син не се плаши. Ниту овие луѓе. Не нарекуваат секташи, хулигани, зашто им гори под нозете. Ама готово е Груевски.“

Актерот Драган Спасов-Дац се обрати на денешниот протест на Шарената револуција и порача дека луѓето веќе не се плашат.

-Јас сум Драган Спасов-Дац и сум хулиган. Горд сум што што сум тука и што гледам секој ден на улиците слободоумни луѓе. Утрово сакаа да го приведат син ми, зашто учествува во Шарената револуција. Да беше дома, сега ќе беше во притвор. Чавков, мојот син не се плаши. Ниту овие луѓе. Не нарекуваат секташи, хулигани, зашто им гори под нозете. Ама готово е Груевски, пикнат си во ќош со симнати панталони и се чека денот кога ќе се наведнеш, рече актерот.

По ова, иако полицијата не дозволуваше приближување до Собранието, демонстрантите со големиот чатал успеааја да ја обојат зградата. Беа запалени и бакли во разни бои.

13281727_10209785917630531_475365538_n 13281697_10209785922390650_836147212_n 13293298_10209785922630656_837123452_n 13285769_10209785943351174_1649550184_n