Дамјановски ќе бара поддршка за четврти градоначалнички мандат во Куманово

by Fokus

Актуелниот градски татко Зоран Дамјановски сака да се кандидира повторно за градоначалник на Куманово, па доколку ја добие партиската кандидатура за која верува дека ја заслужува би се тркал по рекорден четврти пат на локалните избори, објави во интервју за порталот Кумановски муабети.

– Не знам кој е потесен, кој поширок круг. Има таму аплицирано шест кандидати, сите имаат некаква намера штом аплицирале. Меѓу тие шест кандидати и јас имам апликација и дадено развојна програма во договор и консултација со партиските активисти на општинско и на централно ниво, јас аплицирав и мислам дека мојата работа во изминатите 12 години во едни услови како што многу пати сум кажал, сме работеле под силно влијание на централната власт и дадоа многу тешка ситуација за развојот на најголемата локална самоуправа во Република Македонија. Куманово беше под силна пресија од централната влст и беше казнувана поради тоа што граѓаните се дрзнале под наводници да гласааат за опција која не е на централната власт. Сите тие проблеми ги надминавме, имаше многу искушенија, може да кажам дека сум горд на мојата администрација, на моите советници кои во три мандати со некои искулочци даваа поддршка за она што беше визија за градот – вели актуелниот градоначалник во интервјуто.

Поврзани новости