Дачиќ: И Србија може да го промени ставот за името Македонија

by Fokus

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ порача дека и Србија може да го промени својот став за прашањето на името на Македонија, доколку Скопје го менува ставот за воздржаност при гласањето за членство на Косово во УНЕСКО.

– Доколку Македонија навистина гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ги погаѓа Србија и српскиот народ, на претседателот Вучиќ ќе му предложам Србија во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто така, како и тие околу Косово во УНЕСКО, да ја има во вид позицијата на Европската Унија. Тоа директно ќе влијае врз нашите добрососедски односи – истакна Дачиќ.

Дачиќ за Танјуг истакна дека премиерот Зоран Заев, освен со јавните изјави на оваа тема, ставот за воздржаност го изнел и пред премиерката Ана Брнабиќ во Трст.

Поврзани новости