Четири лица се водат како исчезнати само за неколку дена

by Fokus

Четири лица биле пријавени како исчезнати само во текот на вчерашниот ден, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, синоќа во Полициската станица Велес, М.Т. (48) од Велес пријавил дека неговата 16-годишна внука од сестра, на која тој е старател, на 19.03.2018 година околу 10.00 часот од неговата семејна куќа и до моментот на пријавување не се вратила дома.

Исто така, вчера во 22.30 часот, Д.Ѓ. (70) од Скопје пријавил дека во 09.00 часот од дома во непознат правец се одалечил неговиот син Д.Ѓ.(41).

Во текот на вчерашниот ден, во 12,00 часот во Полициското одделение Сарај И.Н.(28) пријавил дека на 16.03.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Е.О.(26).

На 19.03.2018 година во 18,00 часот во Полициската станица Чаир Б.Ј.(53) пријавила дека на 12.03.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила нејзината сестра Т.М.(49).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости