Чавков: МВР спречи терористички напад

by fokus

Министерството за внатрешни работи спречи терористички напад во Македонија, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков

-По претходно издадени наредби, извршени се два претреса од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерки куќишта, таблет, УСБ и разна документација. За време на претресите е уапсено 24 годишното лице од Арачиново, а второто лице не е пронајдено и за него МВР има сознанија дека се наоѓа во Косово, рече Чавков.

Против лицето кое е пронајдено е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости