Чауш: Ме уценуваа да го наместам Заев

by fokus

Захир Беќири-Чауш, првообвинет во случајот “Фабрика за афери” ги отфрла сите обвиненија против него и тврди дека е наместен.

Тој денеска пред судот изјави дека бил уценуван и малтретиран со цел да му се наштети на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој вели дека актуелниот директор на УБК и неколку негови соработници му нуделе договор за да признае дека снимките од т.н. „бомби“ ги добил од Зоран Заев и од Зоран Верушевски , а за тоа му ветувале награда.

Откако Бекири одбил да се договори наводно бил претепан а потоа однесен пред јавен обвинител да даде исказ за целиот случај.

Во врска со податоците за фалсификуваните лични карти и прислушуваните разговори, Чауш рече дека ги видел два пати во животот, на слика и во судница и тврди дека не се негови.

Инаку, на денешното рочиште беа „уловени” полициски службеници кои со камера тајно снимаа во судницата. Одбраната на Беќири реагираше дека лицата неовластено снимаат, по што судијката нареди веднаш да се избришат снимките.

Поврзани новости