Бугарскиот претседател утре стигнува во Македонија на покана на Иванов

by fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Бугарскиот претседател во земјава пристигнува на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Тој утре ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат средба.

Поврзани новости