Бубевски од СЈО: Притворот за Грујевски, Јакимовски и Бошковски за мора да се спроведе

by Fokus

Oбвинителот Гаврил Бубевски од Специјалното јавно обвинителство изјави дека мора да има притвор за Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК.

– Само во Македонија решението за притвор е неизвршно. Притворот мора да се спроведе – вели обвинителот на СЈО.

Бубевски посочи дека аргументите и доказите се на нивна страна. Обвинителот истакна дека веруваат дека Врховниот суд ќе ја потврди одлуката на Апелација за притворот на Грујевски, Јакимовски и Бошковски.

Поврзани новости