Британската амбасада ја потврди смртта на можниот носител на ебола

by Фокус

Британската амбасада во Скопје попладнево потврди дека вчера починал британски граѓанин во Скопје, за кој македонските власти сметаат дека постојат мали шанси да бил заразен од смртоносната ебола.

– Во овие тешки моменти им изразивме сочувство на семејството и им обезбедуваме конзуларна поддршка. Имаме тесна соработка со нашите партнери од македонската влада по ова прашање, кои водат истрага за случувањата. Исто така, сме во комуникација со други британски државјани кои се засегнати од овој тажен настан – велат од амбасадата.

Поврзани новости