Божиновски во Апелација: Татко сум на две малолетни деца, со нетрпение чекам да почне судењето, станува збор за празен предмет

by Fokus

Кирил Божиновски, доскорашен генерален секретар на владата на Никола Груевски, денеска на јавната расправа во Апеалациониот суд истакна дека тој нема да бега никаде.

Божиновски од судот бара да му се врати одземениот пасош, а СЈО пак со поднесената жалба бара да му се одреди мерка притвор.

– Татко сум на две малолетни деца и со нетрпение чекам да почне судењето да докажам дека станува збор за празен предмет. Повеќе не сум јавен функционер, а ниту во иднина не планирам да вршам таква функција. Во изминатата година ипол не сум направил ниту еден обид да влијаам врз сведоци – рече Божиновски.

Неговиот адвокат Димитар Дангов го обвини СЈО дека и самите знаеле дека немаат докази за гонење на Божиновски и знаеле дека нема да избега.

– Вие сакате да водите предмет во кои сакате да имате обвинети во кафез – рече Дангов.

Обвинителот Гаврил Бубевски, пак реплицираше дека опасноста Божиновски да влијае врз сведоците е голема и затоа бараат да му се одреди притвор. Тој посочи дека изјавата на сведокот за релеванта се зема онаа што ќе ја каже на судско рочиште, а не онаа што ја кажал во истрага, апа затоа стравуваат дека осомничениот ќе врши притисок врз сведоците.

Бубевски истакна дека Божиновски досега не се одважил на поканите на СЈО и затоа постои опасност дека ја попречува судската постапка.

В.В.

 

Поврзани новости