Бошкоски: Законот за јазици не е крај за Македонија, судбината на државата беше одредена во 2001 година

by fokus

Законот за јазици не е крај за Македонија, вели поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски во изјава за „Независен весник“.

Според него, судбината на Македонија била одредена уште во 2001 година со потпишувањето на Рамковниот договор и не ги разбира драмите што сега се случуваат околу донесувањето на Законот во Собранието.

-Проблемот е што македонските партии, за разлика од албанските, немаат јасна национална стратегија за државните интереси. Партијата што е опозиција глуми патриотизам и ја обвинува власта за предавство. Момчето што се засили во парламентот пред неколку дена, видовме колку е загрижен за националните интереси сиве изминати години. Законот за јазици не задира во Уставот на РМ, ниту ја загрозува позицијата на Македонија на внатрешен и надворешен план. Во овој момент, премиерот Зоран Заев има потреба од поддршка, затоа што сите потези што ги влече не се занегов интерес, туку за доброто на државата, за опостојување на државата, а тоа е можно единствено преку членство во НАТО, констатира Бошкоски.

Поврзани новости