Борут Пахор повторно стана претседател на Словенија

by Fokus

Актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор победи на денешниот втор круг од претседателските избори, со што освои втор мандат на функцијата шеф на словенечката држава, покажуваат нецелосните изборни резултати.

Според преброени 93 проценти од гласачките ливчиња, Пахор освоил 53,13 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Камник, Марјан Шарец добил 46,87 отсто гласови.

На денешните избори гласаа 40,7 отсто од регистрираните избирачи.

Поврзани новости