Борко ја запроси Николина: Сепак, веридбата се случи пред раѓањето на синот!

by Fokus

Македонскиот репрезентативен голман во ракомет, Борко Ристовски, за време на верскиот празник Божиќ ја запроси својата девојка Николина, со која го очекува раѓањето на нивното прво дете. Фотографии од свршеничкиот прстен споделија и двајцата на социјалните мрежи, и порачаа дека се радуваат што заедно ќе ја водат битката наречена живот.

И покрај тоа што во интервју за ,,Фокус’’ пред околу два месеци раскажаа дека воопшто не бразаат со свадбата, и ќе ја прават кога ќе бидат слободни, сепак запросувањето се случи два месеци пред раѓањето на бебето, за кое ни открија дека ќе биде син.

– И официјално сме верени! Кај нас ништо не е по редослед, но љубовта од првиот ден е најголема – вели Николина. Убавата кумановчанка која го освои срцето на најдобриот македонски ракометен голман студира право во Белград, Србија, но во изминатиов период била постојано на релација Барселона – Белград, бидејќи Ристовски го носи дресот на Барселона. Заедно биле повеќе од една година, а ги запознале заеднички пријатели.

– Нешто интересно се појави уште кога за прв пат се сретнавме. Веднаш знаевме дека сме еден за друг, ја продолживме комуникацијата, и еве не и денес заедно, во исчекување на најубавото нешто во животот, раѓањето на нашето дете – ни изјави заљубениот пар неодамна.

Вики Клинчарова

Поврзани новости