Бонева за две години наплатила околу 50.000 евра од ДИК

by fokus

Силвана Бонева, како член на ДИК добила 12.000 евра за патни трошоци, објави „24 Вести“.  Но, лани, кога информацијата беше обелоденета, Бонева се откажа од барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци.  Пресметките покажуваат дека Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 12.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра.

Нејзиниот колега Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, добил патни трошоци во износ од 11.500 евра.  Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра.

Сега веќе поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, добил 5 илјади евра за патни трошоци како и по 1.000 евра плата за месеците додека беше во ДИК, и дел од бонусите.

За разлика од Бонева, Урумов и Бедредин кои ги користат сопствните возила, за што добиваат огромни суми за патни трошоци, Игор Милев, Реџеп Прекопуца и Александар Чичаковски – добиваат пари за гориво за службени возила. Со тоа, тие прават и драстично помал трошок на Државната изборна комисија. И тоа Милев и Прекопуца од околу 1.000 евра , а Чичаковски 130 евра . Најмногу трошоци за гориво потрошил Субхи Јакупи и тоа околу 2.800 евра . Додека Дума и Срцев, немаат никаков дополнителен трошок од она што им се пресметува како плата.

Поврзани новости