Бонева го повика Заев да ги објави „бомбите“ за неа, не кажала ниту еден неморален збор

by Фокус

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, преку фејсбук се обрати до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги објави „бомбите“ во кои се слуша нејзиниот глас, тврдејќи дека нема изречено ниту еден неморален збор или постапка, испровоцирана како што вели од криењето на Заев зад некои портали кои вршеле нејзина политичка елиминација.

-Повторно јавно го повикувам Заев, наместо кукавички да се крие зад диригираните портали и фејсбук групи, да собере храброст и машки, како главен опозиционер кој со проектот „вистината за Македонија” ќе ни ја враќа „слободата и демократијата”, да излезе и јавно да објави мој разговор од неговите бомби, каде имам макар и еден неморален збор изречено, а камоли пак нешто неморално направено. Во спротивно, да излезе и јавно да се извини за подлиот нечесен метод за моја политичка елиминација, пишува во фејсбук статусот на Бонева.

Пратеничката истакнува дека во спротивно ќе ги извести сите амбасади за изречените клевети.

-Ако и натаму тој, тие окoлу него и пратеничката група на СДСМ и коалицијата продолжат да молчат, до сите амбасади ќе испратам принтови од сите клевети, да видат како Заев, СДСМ и коалицијата се пресметува со член на преговарачкиот тим од ВМРО ДПМНЕ. Изговор за молчење нема! Закон за забрана за објавување бомби нема, посебно кога криејќи се зад нив, прави обид за моја политичка и човечка деградација, вели Бонева на фејсбук.

Поврзани новости