„Бомбите“ покажаа дека врбувала гласачи и гаснела телефони, но ВМРО повторно ја кандидира Ирена Мишева за советник во Град Скопје

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се „ослободи“ од многумина соработници, што беа комптомитирани со „бомбите“, дистанцирајќи ги од партискиот врв и јавната сфера, но некои од нив „прежеваа“. Една од нив е претседателката на Советот на Град Скопје и поранешен член на Одборот на директори на Телеком, Ирена Мишева, која е на високото трето место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, што ја предводени партискиот генерален секретар Христијан Мицковски.

За потсетување, Мишева беше дел од прислушуваните разговори што лидерот на СДСМ Зоран Заев ги објави во рамки на досието за изборни нерегуларности. Поточно, се работи за разговори меѓу Мишева и поранешниот министер за транспорт и врски во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, кои се однесуваат на врбување на вработените во училиштата и јавните претпријатија за да гласаат на локалните избори во 2013 година. Еден друг разговори меѓу нив двајца, пак открива, како Јанакиески и наредува на Мишева да стави вон употреба телефон преку кој лобирале нивните политички опоненти.

Прв разговор

МЈ: Ирена?

ИМ: Да.

МЈ: Значи те молам, кај сите учителки завртете, кол центарот,

ИМ: Добро

МЈ: Со следнава насока, ви благодариме што излеговте на гласање.

ИМ: Слушам, слушам

МЈ: Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ.

ИМ: Ок. Ок, сега, ај чао.

Втор разговор

ИМ: Ало?

МЈ: Еј.

ИМ: Ви пуштивме сега ЈСП, ви пуштивме Градски паркинг комплет…

МЈ: На меил?

ИМ: Се му пуштаме ние на Игор, од кај тебе.

МЈ: На меил?

ИМ: Да.

МЈ: Игор до мене бе седи, до мене седи.

ИМ: Е така. ЈСП ви пуштивме, Градски паркинг е комплет, Водовод, Универзална сала ви е комплет пуштена, ДКЦ ви е комплет, Музеј на Град скопје комплет, средни училишта, Владо Тасевски, Браќа Миладоновци, Осми септември, Никола Карев, АСУД, Марија Кири Склодовска, Панче Арсовски,

МЈ: Каде е најслабо кажи ми, кажи ми.

ИМ: Еве Синиша ја работи улици и патишта, паркови е најслабо, таму мака мачиме и тами маваме поише. Ете ти кажувам. Така да, се слушаме пак.

МЈ: Ајде.

Трет разговор

ИМ: Кажи Миле?

ИМ: Ало, Ало

МЈ: Ало

ИМ: Ej, Кажи

МЈ: Може ли една работа, еден телефон да го ставиш вон употреба?

ИМ: Кој, кажи?

МЈ: Од ЕСДЕЕС, лобира, 306 775…

ИМ: Како?

МЈ: 306 775 да биде исклучен да не работи нешто..

ИМ: Како?

МЈ: 306 775

ИМ: Што има претходно?

МЈ: 070

ИМ: Океј

МЈ: Да го ставиш вон сила, да не можат да вртат…

ИМ: Океј

ИМ: Иначе добро ни оди со институцииве, да знаеш, ќе ти пишам…се слушаме јас и ти…

МЈ: У базата сум

ИМ: Те слушам. Е шо не се секирај, се слушаме со тебе.

Поврзани новости