Боки 13 со Новогодишна донација за децата без родители: Правете добри дела наместо да ми замерувате мене!

by fokus

Сите 44 деца кои престојуваат во 11 Октомври, дом за деца без родители во Скопје, вчера попладне добија топла зимска облека и обувки од претседателот на Меѓународниот сојуз и поранешен шоумен, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Тој лично им ги однесе подароците на децата и се дружеше со нив, а јавноста ја повикува на хуманост, и секој според своите можности да донира.

,,За секое детенце има топла зимска јакна, џемпер, дуксер, чизми, топла облека… Ова е мој Новогодишен подарок за нив, а се надевам дека овој чин ќе ја мотивира јавноста да го следи мојот пример. Овој гест секој може да го протолкува како сака, но јас го правам од се срце, и им препорачувам на сите да живеат со љубов во срцата и хуманост во постапките. Не ми замерувајте мене, туку поклонете некому нешто, понекогаш е доволно да се подари внимание и љубов’’ – порачува Боки 13.

Поврзани новости