Бојкот на обвинетите во Диво Насеље: Судот не ги прифати за сведоци Груевски, Мијалков и Ахмети

by fokus

Обвинетите во случајот „Диво насеље“ го бојкотираа денешното рочиште, откако со висок тон и се спротивставија на судијката, по што беа исфрлени од судница.

Обвинетите се незадоволни бидејќи судот не ги прифати нивните сведоци, односно тие бараа да бидат сослушани Сашо Мијалков, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Али Ахмети и Артан Груби, па поради тоа претходно побараа изземање на судечкиот совет, но нивното барање беше отфрлено.

Сите обвинети поединечно почнаа да стануваат и да зборуваат без одобрение од судијката која еден по еден ги отстрани од денешното рочиште. Во своите искази тие велеа дека судот не сака да ја чуе вистината и дека сите нивни предлози се одбиени со цел да не се најдат организаторите на случувањата во кумановската „Диво насеље“.

Поради тоа што се отстранети речиси сите обвинети, судот даде пауза за да одлчува дали има услови да се одржи рочиштето.

Поврзани новости