Богојески за нападот врз неговата сопруга: Само кукавици прават срамни дела, а кукавичлукот го има во изобилство на политичката сцена

by fokus

По нападот врз неговата сопруга, денеска Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за „Фокус“ објасни дека возило три пати се обидело да предизвика сообраќајна несреќа, од кои два пати директно кон возилото на сопругата, а еднаш се обидело да ја наведе кон друго возило. Богојески вели дека некој ќе биде засрамен од себе.

-Се што правиш, прави истото да биде благословено од Бога, подржано од семејството, почитувано од народот и во интерес на татковината!
Принципите и вредностите ќе бидат препознаени, а вистината секогаш го отвара денот!
На крај на истиот тој ден, некој ќе остане горд, а некој засрамен од себе!
Само кукавици прават срамни дела, а кукавичлукот го има во изобилство на политичката сцена во Република Македонија.
Да оставиме простор на државата да го сработи световното, на Црквата духовното, а ние да се избориме за она во кое веруваме!, порача Богојески.

Тој се заблагодари за, како што рече, огромната поддршка и саможртва на сите оние кои одлучиле да застанат на страна на вистината, љубовта и иднината на државата и партијата.

-Реформите во ВМРО ДПМНЕ сигурно ќе успеат, зашто само тоа е патот кон успехот и слободата!, убеден е Богојески.

К.С.

Поврзани новости