Богоевски: Ќе одговарам кога Груевски ќе седне во судницата до мене

by fokus

– Ќе прифатиме одговорност за своите постапки, но само кога Груевски и другите инкриминирано во објавените разговори ќе прифатат одговорност во судницата до мојата- порача Павле Богоевски по излегувањето од судницата.

Судењето на активистот на Шарената револуција денеска беше одложенo поради нецелосно обвинение, односно во обвинителниот акт не била наведена висината на штетата предизвикана на протестот на Шарената револуција од 18 април годинава пред Министерството за култура.

За поддршка на Богоевски денеска пред Кривичниот суд се собраа стотина активисти на Шарената револуција, кои со авиции го пречекаа нивниот колега на излегување од судот.

-Да, бев дел од групата којашто Зврлевски дрско ја нарекува толпа и не, не признавам вина за моето сторено поведение. По дефиниција, вина е општествен прекор. Не може да ме прекорува општеството чијшто правен систем дозволува здружението на Груевски 10 години да ја силува правдата во оваа држава и да ја киднапира секоја пора во нашето општество – додаде Богоевски.

Активистот се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години. Според него со одложувањето на рочиштето за 14 ноември, само се одолговлекува и дефокусира јавноста од многу други посуштиснски прашања.

Поврзани новости