Бочварски: Да сум градоначалник на Штип и граѓаните да пијат загадена вода, ќе ми беше срам пак да се кандидирам

by Fokus

Кандидатот за градоначалник на општина Штип Благој Бочварски, на денешната отворена дебата со граѓаните, порача дека уште во првите денови од мандатот ќе се зафати со решавање на проблемот со водоводната и канализациската мрежа, како и со недостигот на пречистителна станица, бидејќи е недозволиво граѓаните да немаат чиста вода за пиење и да живеат во нечист град.

На дебатата, граѓанин на Штип донесе примерок од вода која поради дефектот на градскиот водовод е неисправна за пиење и порача дека граѓаните кои редовно ги плаќаат сметките, не заслужуваат да пијат нечиста и загадена вода.

„Да сум градоначалник на Штип и да го немам решено овој проблем ќе ми беше срам пак да се кандидарам. Во Штип има села и населени места кои или немаат вода или пак пијат загадена вода, има расипан колекторски систем од каде голем дел од фекалиите истекуваат во реката, нема пречистителна станица и тоа се проблеми кои итно ќе ги решаваме во иднина. Не може Јавното претпријатие „Исар“ да вработува над 300 луѓе, а граѓаните немаат чиста вода за пиење и целиот град да биде во ѓубре. Ветувам дека ќе ги решиме овие проблеми веднаш кога ќе влеземе во претпријатието и кога ќе видиме како навистина стојат работите.“ порача кандидатот за градоначалник на Штип, Бочварски.

Поврзани новости