Бивш дечко ја претепал, и го проверувал телефонот со кој разговарала и ја малтретирал

by Fokus

Бившиот дечко ја претпал затоа што не сакала повеќе да биде со него, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во  00,45  часот во Полициска станица  Ѓорче Петров С.С.(24) пријавила дека на  02.12.2017 година околу 20,00  часот во село Волково додека  одела  пеш  кон  куќата  на нејзината  пријателка, била пресретната  од  нејзиното поранешно  момче  Г.Н.(24)  кој  бил  во неговото возило и истиот застанал и преку  отворениот  прозорец и рекол да влезе  во  возилото. С.С. најпрвин не сакала да  влезе, но тој продолжил да инсистира и истата влегла  во  возилото. Потоа тој почнал да вози кон неговиот дом. Кога пристигнале пред неговата куќа, излегле од возилото и Г.Н. почнал да ја влече за раце и за јакната и ја туркал по скалите на вториот  кат во куќата. Двајцата започнале разговор но тој  веднаш и го одзел мобилниот телефон за да  видел со кого разговарала и кога С.С. побарала да и го врати телефонот тој физички ја нападнал,  удирајќи ја со повеќе удари со тупаници по лицето, главата и телото, и ја  турнал  на  земја.

Во еден момент оштетената истрчала кон влезната врата за да избега, но тој ја стигнал, ја фатил и продолжил  да ја  удира  по  грбот со тупаници. Истата  успеала  да  се  оттргне од него  и  избегала по  скалите, а тој  продолжил да ја  брка, но С.С. избегала и  веднаш  ја  повикала  нејзината пријателка, којашто  ја однела кај неа дома, а оттаму ја однела на лекар во  Ургентниот Центар во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости