Битолчани утре ќе протестираат за оставка на градоначалникот Талески

by Фокус

Граѓаните на Битола утре ќе одржат протест пред општинската зграда за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Организатор на протестот е граѓанското здружение „За нас се работи“ и тие велат дека ќе останат пред општината се додека Талески не си поднесе оставка.

Како причини за незадоволството од работата на градоначалникот ги наведуваат: негрижата за здравјето на битолчани, непочитување на меморандумот за соработка со здружението за следење на загаденоста на воздухот, коруптивниот договор со „Транскоп“, дупките по улиците, стадионот, исечените дрва…

„Битолчани и битолчанки, ве повикуваме сите без разлика на вашата партиска, верска или етничка припадност… без разлика на идеологијата што секој од вас ја следи, на ден 27 Мај 2015 во 18:30 часот на плоштадот “Будење” (споменик на Стив Наумов) заедно да се упатиме кон општинската зграда каде ќе побараме доброволна оставка од градоначалникот Владимир Талески.“, стои во повикот на здружението.

Поврзани новости