Битолчани ќе собираат потписи за референдум, ако Талески до утре не си поднесе оставка

by Фокус

Вечерва во 18:30 часот граѓанското здружение „За нас се работи“ ќе организира протест за оставка на градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Од здружението велат дека цела ноќ ќе останат пред општината, каде утре лично ќе му понудат да ја потпише оставката.

-Доколку тоа не се случи веќе од понеделник најавуваме собирање на потписи за граѓанска иницијaтива за референдум на кој би се поставило прашањето за неговото работење, изјави за Фокус Иван Јерчиќ од „За нас се работи“.

Тој вели дека денеска ќе излезат за да го потсетат градоначалникот на сите неисполнети ветувања во сите овие години, кои тој ги дал и кои влегуваат во неговите ингеренции. Еден од главните проблеми, освен инфраструктурата, е аерозагадувањето во Битола, но. како што вели Јерчиќ, за жал скоро ништо не се презема.

-Затоа недвосмислено сакаме да порачаме на секој секој иден татко на градот дека ќе добие карта во еден правец надвор од Битола, доколку не се потруди да ги реши проблемите кои сите не засегаат, што е негова основна обврска. Само така концептот на граѓанското општество ќе добие своја реализација, изјави Иван Јерчиќ.

 

Поврзани новости