Битка или соработка меѓу сметководителите и фирмите

by fokus

Пишува: Венко Глигоров

На прва помисла, користењето на ERP решенијата кај малите фирми ќе ја намали работата на сметководствените фирми. Некои бироа стравуваат дека ќе ја изгугат работата со своите клиенти. Веројатно со право мислат така. Но дали користењето сметководство базирано на ERP не може да биде голема можност за дополнителни приходи на сметководствените бироа?

Ако се анализира релацијата и сработката меѓу фирмите и сметководствените бироа, ќе се уочи дека сметководствените бироа испорачуваат четири групи на активности и одговорности. Такви групи се сметководствено-стручните работи (деловни, правни и сметководствени совети како и стручни книжења и изработка на ДДВ пријави и завршна пресметка). Друга група е поврзана со рутинско-внесувачки работи какви што се повторно прегледување и внесувањена документи и изготовка на извештаи.

Со користење на ERP решенија внесувањето на документи си и нивното книжење во главната книга го прави самата. Исто така фирмата си ги “вади” извештаите извештаите директно од системот. Смектоводствената фирма може да ги проверува книжењата од време на време, да врши корективни и дополнителни книжења за деловни одлуки и да биде одговорна за ДДВ пријавата и завршната пресметка.

Со ваквата распределба, сметководствената фирма ќе се „раатиса“ од мануелната работа која има ниска вредност и ќе се остручи во давање на услуги со поголема вредност. Бидејќи обемот на мануелна работа потенцијално ќе опадне, сметководствената фирма ќе има слободни ресурси за опслужување на повеќе клиенти со пакети за сметководствен консалтинг, поддршка во сметководството како и одговорноста за завршната пресметка. Некои сметководствени фирми интересот ќе го најдат и во изнајмување на ERP системи на своите клиенти – пракса што веќе наголемо постои во земјите од Европската унија.

Општо земено, ако се споредат традиционалното работење и работењето со хостирано ERP решение, ќе се увиди дека фирмите за истите пари или за приближно истите пари ќе имаат целосна контрола на сопствените податоци и ќе имаат ажурни и навремени извештаи. Наместо цело сметководство, тие ќе ги ангажираат сметководствените фирми за контрола во сметководството или поддршка на сметководството.

Ако си сметководител и сакаш партнерство …

Со новиот начин, фирмата може да каже „збогум“ на двојни и тројни внесувања, различни несовпаѓачки извештаи, доцни анализи и слично. Со користењето на ERP, дел од фирмите што имаат интерно сметководство ќе можат да ги аутсорсираат овие активности со што ќе се зголемува работата на сметководствените фирми. На цена ќе дојдат квалитетните сметководители наместо сметководителите што имаат „брзи прсти“ да внесуваат документи во сметководствените програми.

Се чини дека никогаш не било подостапно користењето на ЕРП систем од светска класа во Македонија. Забележлив е трендот кај некои сметководствени фирми кои веќе почнаа да се прилагодуваат на промените и нудат различни пакети наместо само целосно сметководство.

Поврзани новости