Бидејќи судот нема камера, се одложи судењето на „Насилството во општина Центар“

by Fokus

Поради немање на камери денеска во Кривичниот суд се одложи судењето за случајот на СЈО, „Насилството во Центар“, во кое обвинети се екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески.

Како што образложи судијката Татјана Михајлова, судот располага со две камери за снимање на рочиштата, а истите претходно биле побарани од судијата Софија Лаличиќ, која денеска во исто време му судеше на дедото на Тамара, обвинет за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Наредното рочиште за „Насилството во општина Центар“ е закажано за 27 декември, а рочиштата да се снимаат аудио и визуелно инсистираа одбраната и обвинетите што е и нивно законско право.

В.В.

Поврзани новости