БЕСА: Заканите нема да не заплашат, ја имаме поддршката на Албанците

by fokus

Движењето БЕСА денеска ги осуди заканите упатени кон кандидатот од нивните редови во општина Сарај, Башким Бакиу.

-Овие закани нема да не заплашат, ниту одвратат од нашите стремежи, бидејќи ја имаме поддршката на Албанците. Времето на вакви закани помина, во моментот кога се преполови силата на партиите кои промовираа кампања со закани и инциденти. Албанците се сити од насилство и изборни нерегуларности, затоа со масивно излегување на избори, ќе се спречи секој обид за неправилности, стимулиран од било кој, се вели во реакцијата.

БЕСА ги повикува органите на редот да реагираат веднаш, а претставниците на меѓународната заедница да бидат претпазливи во функција на нивното недвомислено ангажирање за мирни, коректни и демократски избори.

Поврзани новости